АПТЕКА
Во ПЗУ "БАМИ КОР МЕДИКА" во Тетово, се реактивира работата на Аптеката во наменски изграден простор во новиот објект кој се наоѓа до новиот мост непосредно под Хируршкиот блок.
Во оваа најсовремена Аптека можат да се добијат сите потребни фармацевтски и парафармацевтски препарати кои се користат во спречување и лекување на заболувањата.
Работењето на Аптеката е на високо стручно ниво контролирано од лекарската екипа на чело со директорот на ПЗУ "БАМИ КОР МЕДИКА" познатиот интернист-кардиолог М-р сци. Д-р Раско Митовски и дипломиран фармацевт.
Аптеката издава лекови и на рецепти кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување т.е. со плавите картончиња.
Работното време е нонстоп во тек на 24 часа и во сите неработни денови.