ДОБРЕДОЈДОВТЕ
ПЗУ "БАМИ КОР МЕДИКА" започнува со работа како Прва приватна здравствена установа во Тетово и меѓу првите во Македонија на 15 Март 1993 година. Во почеток во ординација адаптирана од стамбен простор, а од 7 Април (Светскиот ден на здравјето) 2004 година во новоизграден (наменски граден) здравствен објект со околу 1.000 квадратни метри работна површина.
БАМИ КОР МЕДИКА
Името "БАМИ КОР МЕДИКА" е кованица составена од првите две букви од името Бранкица (Бане) и презимето Митовска – БАМИ на ќерката од сопстеникот и оснивачот, КОР (срце - субспецијалноста на оснивачот, кој вели срце е и Бане) и МЕДИКА (лекување, за да асоцира на медицинска установа).
Со потпишувањето на Првиот договор во Републикава со Фондот за здравствена заштите, ПЗУ "БАМИ КОР МЕДИКА" се изедначува со правата и обврските со Јавните здравствени установи и осигурениците ја добиваат здравствената заштита под исти услови како во Јавните здравствени установи.